Познати составите на групите во Конференциската лига на УЕФА

Европската фудбалска федерација (УЕФА) попладнево со жрепка во Истанбул го одреди составот на осумте групи во Конференциската лига.

Косовскиот Балкани, кој вчера со вкупни 3-1 го елиминираше македонскиот првак Шкупи во плејофот, за противници ги доби Славија Прага, Клуж и Сиваспор, додека „најзвучна” е групата Б во која ќе играат Вест Хем, Андерлехт, ФЦСБ и Силкеборг.

Состав на групите:

Група А – Башакшехир, Фиорентина, Хартс, Рига

Група Б – Вест Хем, ФЦСБ, Андерлехт, Силкеборг

Група Ц – Виљареал, Хапоел Бер – Шева, Австрија Виена, Лех Познањ

Група Д – Партизан, Келн, Ница, Словачко

Група Е – АЗ, Аполон, Вадуз, Дњипро – 1

Група Ф – Гент, Молде, Шамрок, Ѓургарден

Група Г – Славија Прага, Клуж, Сиваспор, Балкани

Група Х – Базел, Слован Братислава, Жалгирис, Пјуник.

Групната фаза во третото по ранг европско клупско натпреварување почнува на 8 септември, а завршното коло е на програмата на 8 ноември.

Финалето е закажано за 7 јуни идната година на „Фортуна арена” во Прага.

Треба да знаете
Последни објави