БиХ по две продолженија ја изненади Франција

Кошаркарската репрезентација на Босна и Херцеговинаја изненади Франција (96:90) по две продолженија во рамки од квалификациите за Светското првенство. Во натпревар со многу пресврти во кој и двете репрезентации имаа двоцифрена предност, регуларното време заврши 76:76. Беа потребни дополнителни 10 минути, односно две продолженија за домашната селекција да слави во салата „Мирза Делибашиќ“.

НБА-ѕвездата Јусуф Нуркиќ во редовите на домаќинот со 21 поен ја предводеше селекција до триумфот, Џон Робертсон имаше 18 поени, а Џанан Муса постигна еден помалку. Кај Франција, најдобар беше Еван Фурние со 24 поени, а Руди Гобер имаше 10 поени и 14 скока.

Во групата К, Литванија е лидер со 15 бода, која денеска ја совлада Црна Гора со 90:73. Потоа следува Франција со 14, Црна Гора има 13, Босна и Херцеговина и Унгарија по 12, а последна е Чешка со 11.

 

Треба да знаете
Последни објави