Трофејниот шпански фудбалски стратег Пеп Гвардиола, кој е предводник на актуелниот англиски шампион Манчестер сити може да биде среќен што неговите избраници денеска како домаќини со пресврт го совладаа Кристал Палас (4:2). Главната улога во овој пресврт одигра Ерлинг Халанд.
Норвежанецот го постигна првиот хет-трик во дресот на Сити, а менаџерот вели дека затоа е и доведен.
–Го доведовме Халанд за вакви натпревари. Важно за него е да постигнува голови, а секогаш ќе го има тој инстинкт за реализација. Погледнете го третиот гол, ги издржа противниците и ја смести топката во мрежата. Просторот што го има зависи од противникот, мора да бидете трпелив и внимателен – изјави Гвардиола.