Нова победа за Манчестер јунајтед, Касемиро дебитираше во Премиерлигата (ВИДЕО)

Манчестер Јунајтед по двата шокантни порази на стартот од Премиер лигата, денеска ја забележа втората победа по ред и најави излез од кризата.

По победата над Ливерпул во најголемото англиско дерби, „црвените ѓаволи“ денеска славеа со минимални 0:1 на гостувањето кај Саутемптон. Човек на одлука беше беше Бруно Фернандеш кој единствениот гол го даде во 55. минута.

Дебитантскиот настап во дресот на Манчестер јунајтед го имаше засилувањето од Реал Мадрид, Касемиро кој ги одигра последните десет минути од натпреварот, а интересно е што втор натпревар по ред, Кристијано Роналдо не беше дел од првиот тим и повторно влезе во игра во финишот.

Треба да знаете
Последни објави