Арсенал останува единствениот тим со максимален скор по четири одиграни кола во англиската фудбалска Премиер-лига. Избраниците на тренерот Микел Артета денеска стигнаа до нова победа овојпат на домашен терен и тоа со пресврт против градскиот ривал Фулам со 2:1.
Мрежите мируваа по првото полувреме. Гостите стигнаа до водство од со голот на Александар Митровиќ во 56. минута, за кого беше 100. погодок во дресот на Фулам. Домаќините израмнија преку Одегар во 64. минута, а конечните 2:1 ги постави Габриел во 86. минута.