Јувентус и Рома на крајот од дербито во 3. коло од италијанската фудбалска Серија А одиграа нерешено (1:1). „Римската волчица“ го суси задоволството во редовите кај „старата дама“ од пркрасниот погодок на Душан Влаховиќ постигнат уште на почетокот од натпреварот.
Домаќините беа подобри во првиот дел, но тимот на Жозе Мурињо во второто полувреме се размрда и се спаси од пораз. Во 69. минута Абрахам беше стрелец на израмнувачкиот гол.
Натпреварот имаше спектакуларен почеток, по 80 секунди игра Душан Влаховиќ постигна прекрасен гол од слободен удар за водство на Јувентус од 1:0. Во 25. минута гол даде и Локатели, но беше поништен поради играње со рака на Влаховиќ во истата акција.
Јувентус беше подобар во првото полувреме, но успеа да даде само еден гол.
Мурињо ја промени тактиката во второто полувреме, додаде на офанзива и тоа вроди со плод. При еден корнер во 69. минута топката дојде до Дибала кој асистираше до Абрахам, а тој постигна гол со глава за 1-1.
По три одиграни кола Рома има седум бода, Јувентус пет.