Премиерниот натпревар од 4. коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) меѓу Силекс и Академија Пандев во Кратово заврши без победник 1:1. Домашниот тим дојде во водство во 37 минута преку Обадовиќ, а гостите од Струмица го израмнија резултатот шест минути подоцна преку Велиновски.
Мрежите мируваа во вториот дел.Силекс е второпласиран со осум бодови, а Академија Пандев е две места подолу на табелата со четири бодови.
Преостанатите четири натпревари се на програмата утре, а дербито се игра во Струмица каде Шкендија ќе ги пречека фудбалерите на Струга.
Штипска Брегалница е домаќин на Македонија Ѓорче Петров, Работнички го пречекува Тиквеш, додека во градската пресметка Скопје пред своите гледачи ќе игра против актуелниот првак Шкупи.