Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар дојде до втората победа, во втората сезона како второлигаш, совладувајќи го Охрид (2:0).„Црвено-црните“ имаат две победи без примен гол со што се највија за враќање во елитното друштво. Симеон Христов во 32. минута даде гол за водство на Вардар, а Јусуфи во 79. стави печат на денешниот меч одигран на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари.
До втора победа дојде и Гостивар, ама ептен тешка против Каменица Саса со 1:0 и тоа со гол на седум минути пред крајот преку Рамадани, како и Воска која со 3:0 славеше против Пехчево-Локомотива Скопје, додека третиот конкурент за првите две места кои водат во Првата лига, битолски Пелистер се лизна на домашен терен против Беса, па битолчани одиграа само 0:0.
Беласица дојде до првата сезонска победа со убедливи 5:0 против Борец, кој е прв кандидат за испаѓање, а до прва победа дојде и новиот второлигаш Арсими кој со 2:1 славеше во Гевгелија кај Кожув.
Втор пораз сезонава доживеа Тетекс, кој загуби со 1:2 од Детонит Плачковица, а Слога Виница и Караорман ремизираа без голови.
ТАБЕЛА:Вардар 6 бода, Гостивар 6, Воска 6, Детонит Плачковица 6, Пелистер 4, Беса 4, Слога Виница 4, Беласица 3, Охрид 3, Арсими 3, Караорман 1, Кожув 0, Тетекс 0, Каменица Саса 0, Пехчево Скопје 0, Борец 0.