Поранешниот селектор на фудбалската репрезентација на Македонија, Игор Ангеловски по пауза од една година, повторно влегува во тренерските води.
Македонскиот стратег по настапот со Македонија на ЕВРО 2020 година беше без ангажман, а по нешто повеќе од една година се договори со хрватскиот прволигаш Горица.
Мојот начин на работа е да одиме мирно и натпревар по натпревар. Прво најважно ни е следното гостување. Мораме добро да се подготвиме за тој меч и да стигнеме до позитивен резултат – изјави Ангеловски, при презентацијата во новиот клуб.