Српскиот фудбалски репрезентативен напаѓач Душан Влаховиќ постигна гол од слободен удар за Јувентус во дербито на 3. коло од италијанската Серија А против Рома,со шут со лева нога и потсети на времето кога неговиот сонародник Синиша Михајловиќ жареше и плаше со вакви удари и погодоци во калчолигашката конкуренција.
Благодарение на овој прекрасен погодок Јувентус на полувремето води против Рома.