Македонските таеквондисти забележаа голем успех на Европското клупско првенство во Талин, освојувајќи два златни медали.
Првото златно одличје го освои олимпискиот вицешампион и член на Таеквондо клубот „Бутел”, Дејан Георгиевски, кој поради подобриот ранкинг, во првото коло беше слободен, а до златото дојде со две убедливи победи.
Успехот на Георгиевски во категоријата над 87 килограми го повтори 19-годишната Милијана Рељиќ во женска конкуренција, која до златниот медал во категоријата до 62 килограми дојде со четири победи.
Рељиќ во воведните две кола беше поуспешна од Франческа Куомо од Италија и Марија Лабузова од Украина, по што во полуфиналето ја совлада Надине Махмут од Египет. Во финалето, нејзината противничка Мел Мина од Еквадор ја предаде борбата поради повреда.