Јончевски за утрешниот дуел со Словачка ќе го има на располагање и Стајиќ

Македонската кошаркарска репрезентација утре ја пречекува Словачка во претквалификациите за ЕП 2025, а селекторот Александар Јончевски ќе има на располагање уште еден искусен кошаркар. Станува збор за Бобан Стајиќ, кој поради повреда не беше во комбинација за гостувањето во Данска, но ќе им помогне на колегите од националниот тим против Словачка.

Проблемот со адукторот е минато за Стајиќ, па тој ќе биде засилување на надворешните позиции за многу важниот дуел, на кој Македонија ќе треба да ја потврди драматичната победа во Нествед. Стајиќ ќе го замени младиот Димитар Пандев, дебитантот кој беше вклучен во составот за дуелот со Данска.

Натпреварот Македонија-Словачка се игра утре од 19 часот во СРЦ „Кале“, а влезот ќе биде слободен.

Треба да знаете
Последни објави