Ајнтрахт го победи Вердер во меч со седум гола!

Актуелниот освојувач на Лига Европа, Ајнтрахт Франкфурт ја запиша првата победа во новата сезона во Бундеслигата, после денешниот спактакл со седум гола во Бремен, победувајќи го Вердер со 4-3.

Дожд од голови имаше во првиот дел во кое два пресврти се случија за 45 минути откако Марио Гетце по две минути донесе предност за Ајнтрахт, а потоа во три минути Вердер дојде до предност преку Јунг (14-та) и Битенкур (17-та), за тимот од Франкфурт да возврати по пола час со нови два гола за пресврт преку Коло Муани (32-ра) и Линдстром (39-та).

Соу три минути по стартот на вториот дел погоди и четврти пат за Ајнтрахт за да ја завери победата и да го откаже Вердер во мечот, кој дури во судиското надополнување успеа да стигне до трет гол, но задоцнет финиш за да се изборат за реми. Фулкруг го даде голот во 90+2-та минута.

За Вердер ова беше прв сезонски пораз, а прв триумф за Ајнтрахт и двата клуба по четири кола имаат по пет бода и се во втората половина на табелата, на десеттото односно 11-то место.

Треба да знаете
Последни објави