Марко Пејчиновски, младиот македонски пливачки маратонец на отворени води летово го препливуваше Охридското Езеро за да инспирира и да докаже дека сè е возможно.
Тој денеска успешно го заврши и последното 10 препливување за ова лето, на релација Охрид – Струга – Св. Наум – Охрид во должина од 64 километри. На празникот Голема Богородица го заврши последниот подвиг за време од 21 час и 42 минути.