Кејн утна пенал, но блескаше со два гола против Нотингем форест

Фудбалерите на Тотенхем го совладаа Нотингем форест со резултат 2:0 во натпреварот од четвртото коло во Премиер лигата.

Играчите на менаџерот Антонио Конте ја оправдаа фаворитската улога против легендарниот повратник во англиската елита.

Тотенхем ја продолжува добрата серијата на резултати во новата сезона, во првите четири кола има учинок од три победи и едно реми со гол разлика 9:3.

Најдобриот играч на екипата Кејн го донесе триумфот, двапати запишувајќи се во листата на стрелците.

Еден од најдобрите напаѓачи во светот го постигна првиот гол уште во петтата минута, а вториот во 81 минута после асистенцијата на Ришарлисон. Може да дојде до хет-трик, но репрезентативецот на Англија не беше прецизен од белата точка во 56 минута.

На денешните други два меча, Вулверхемптон ремизираше со Њукасл (1:1), а Вест хем славеше кај Астон Вила (0:1). На табелата води Арсенал со 12 бодови, го следат Манчестер сити, Тотенхем и Брајтон со по 10.

Треба да знаете
Последни објави