Валенсија го потврди ангажирањето на уругвајскиот ветеран Единсон Кавани на слободен трансфер, откако тој си замина од Манчестер јунајтед по крајот на неговиот договор.
Напаѓачот потпиша двегодишен договор со Валенсија, откако претходно ги одби Бока јуниорс и Вилјареал и ќе заработува 2 милиони евра по сезона во тимот на Џенаро Гатузо.
35-годишниот Кавани ќе може да дебитира за „Лос че“ веќе во недела кога го пречекуваат Хетафе.