Пет дена Пиволенд во Скопје со повеќе од 50 музички артисти и 100 видови пиво

Дали скопјани можат да испијат повеќе пиво од последното издание на Пиволенд во 2017 година? Скопјани како големи љубители на добра забава и квалитетно пиво, се подготвени да постават нов пивски рекорд на Пиволенд 2022. Оваа манифестација по пауза од 5 години повторно се враќа пред скопската публика, со програма која ветува добра забава со повеќе од 50 музички артисти, над 100 видови на пиво, два стејџа и новитети кои ќе овозможат уште едно незаборавно издание на Пиволенд.  

На овогодинешниот Пиволенд ќе бидат поставени две сцени, „Main stage и „Craft stage. На Main stage “ќе настапат познатите македонски и балкански музички изведувачи, додека  „Craft stage” ќе биде наменета за љубителите на алтернативната музика и младите талентирани артисти.

Пиволенд 2022 има за цел промоција на македонски и интернационални брендови на пиво, креирање на пивски бренд фестивал на локално и регионално ниво, зајакнување на пивската култура во Македонија, поддршка и афирмирање на млади македонски музички артисти пред публиката, како и промоција на Скопје како град на љубителите на пиво.

Пиволенд 2022 ќе трае 5 дена. Програмата започнува на 31.08.2022 (среда) и ќе трае до 04.09.2022 (недела), а влезот за посетителите ќе биде бесплатен.

Треба да знаете
Последни објави