Германскиот дефанзивец Тиав потпиша со Милан

Италијанскиот фудбалски првак Милан ги засили своите редови со германскиот одбранбен фудбалер Малик Тиав (21), кој доаѓа од Шалке.

Тиав ги мина фудбалските академии на Фортуна Дизелдорф, Баер Леверкузен и Борусија Менхенгладбах, а во Шалке дојде во 2015 година.

За екипата од Гелзенкирхен дебитираше во март 2020 година и за три сезони одигра 61 натпревари.

Минатата сезона Тиав беше соиграч на македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов и со своите добри игри му помогна на Шалке да се врати во Бундеслигата.

Треба да знаете
Последни објави