Италијанскиот фудбалски првак Милан ги засили своите редови со германскиот одбранбен фудбалер Малик Тиав (21), кој доаѓа од Шалке.
Тиав ги мина фудбалските академии на Фортуна Дизелдорф, Баер Леверкузен и Борусија Менхенгладбах, а во Шалке дојде во 2015 година.
За екипата од Гелзенкирхен дебитираше во март 2020 година и за три сезони одигра 61 натпревари.
Минатата сезона Тиав беше соиграч на македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов и со своите добри игри му помогна на Шалке да се врати во Бундеслигата.