Италијанскиот фудбалски калчолигаш Рома потпиша договор со играчот од средниот ред на Олимпијакос, Меди Камара.
Според „Скај спорт Италија”, 25-годишниот фудбалер од Гвинеја во блиска иднина ќе оди на лекарски преглед во Рим.
„Римската волчица” ќе го добие фудбалер од средниот ред на позајмица за 1,2 милиони евра со опција за откуп за 12 милиони.
Камара ќе го замени играчот од средниот ред Џорџинио Вајналдум, кој ќе биде надвор од терените неколку месеци откако ја скрши ногата.
Минатата сезона Камара на 45 настапи за Олимпијакос, постигна по два гола и асистенции. Неговиот договор со грчкиот клуб е со важност до 2024 година.