Вонредно коло утре во ПМФЛ

Пет натпревари од петтото, вонредно, коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) се на програмата утре, а дербито се игра во Струга каде лидерот на табелата го пречекува второпласираниот Силекс.

Македонија Ѓорче Петров во градската пресметка го пречекува скопски Работнички, додека актуелниот шампион Шкупи е домаќин на Победа.

Во преостанатите две пресметки, Шкендија во Кавадарци му гостува на Тиквеш, а Академија Пандев го пречекува Скопје.

Сите натпревари започнуваат во 16 часот.

Слободна во ова коло е Брегалница.

На табелата води Струга со максимални 12 бодови, пред Силекс (8) и Шкендија и Брегалница по седум бодови.

Треба да знаете
Последни објави