Прекинато водоснабдување денеска имаат корисниците од улицата „Христо Татарчев” крак 23 во општината Кисела Вода, соопшти ЈП Водовод и канализација.
Причина за прекинот на водоснабдувањето, како што посочуваат од претпријатието, е дефект на приклучна цевка на улицата „Христо Татарчев” 23/бб (во близина на Американ Констракшн).
Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санација на дефектот.