ОМД започнува нов проект “Helping Hand” за помагање на децата и фамилиите во Македонија

Обединета Македонска Дијаспора спроведе акција за почетокот на школската година и најави нов проект “Helping Hand” кој ќе обезбеди континуирано помагање на децата и фамилиите, како и ги обезбеди во снабдување на потребни материјали и продукти во претстојниот тежок зимски период.

-Обединета Македонска Дијаспора им го честита 1ви Септември на сите македонски ученици насекаде во светот!
Денес е ден кој означува нов почеток за нашите најмили, отварање на нови можности, и соочување со нови предизвици. Во пресрет на почеток на школската година, ОМД оваа година ја помогна иницијативата за снабдување на ранци и школски прибор за децата кои моментално се дел од малите групи при “Ј.У. 11 Октомври” во Скопје. Со оваа иницијатива, ОМД означува вовед во новиот проект наречен “Helping Hand” кој ќе започне на почетокот на Октомври оваа година и континуирано ќе им помога на илјадници македонски деца низ државата да ја обезбедат нивната егзистенција во зимскиот период и ќе придонесе топол дом, велат од ОМД.

Треба да знаете
Последни објави