Орбан потпиша нов договор за гас со Русија

Унгарија потпиша договор со Русија за дополнително снабдување со гас, соопшти вчера владиниот портпарол, Золтан Ковач.

Според договорот, во Унгарија ќе се испраќаат до 5,8 милиони кубни метри гас дневно покрај договорената количина што е веќе на сила.

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто, кој моментално се состанува со другите министри за надворешни работи на ЕУ во Прага, рече дека договорот со кој гасот ќе се испраќа до Унгарија преку Србија значи: „Ќе имаме доволно гас во Унгарија“.

Пред руската инвазија на Украина, Унгарија потпиша долгорочен договор за добивање 3,5 милијарди кубни метри гас од Русија годишно преку гасоводот Турски тек и дополнителни милијарда кубни метри гас од Австрија, пишува „Политико“.

Унгарија е силно зависна од руските енергетски извори, добивајќи околу 80 отсто од својот гас од „Гаспром“ и се противи на какви било санкции на ЕУ за рускиот гас.

Треба да знаете
Последни објави