Алонсо по извинувањето, намина во гаражата на „Мерцедес“ да си го земе подарокот

Работите се во ред помеѓу двајцата поранешни светски шампиони, Луис Хамилтон и Фернандо Алонсо, откако пред Холандското ГП, шпанскиот возач се извини за тоа што го нарече Хамилтон идиот минатиот викенд во Белгија, и потоа отиде да си ја земе капата со автограм, која вчера на социјалните мрежи ја постави Хамилтон.

Откако Хамилтон беше виновен за нивниот судир во првиот круг во Спа, Алонсо влезе во остар напад преку радиоврската, нарекувајќи го Хамилтон „идиот кој знае да се трка само ако стартува прв“. Сепак, пред трката во Холандија, Алонсо изјави дека Хамилтон е „легенда на Ф1“, ветувајќи дека во иднина ќе контролира што зборува преку радиото.

Тој потоа отиде во гаражата на „Мерцедес“, каде што ја земе капата со автограм од Хамилтон, која тој претходно ја објави на социјалните мрежи.

Треба да знаете
Последни објави