Кошаркарите на Германија победнички го почнаа настапот на Европското првенство (ЕП) на кое се домаќини на една од групите во Келн, а потоа и на завршницата во Берлин, откако вечерва убедливо ја совладаа фаворизираната Франција (76-63).
„Панцирите“ триумфираа во чест на големиот Дирк Новицки, чиј дрес беше повлечен пред средбата, со напомена дека ниту еден друг Германец нема да може да игра со бројот 14 во годините што доаѓаат.
Домаќинот одигра агресивна одбрана, што резултира противникот да има дури осум загубени топки повеќе (17-9), што комбинирано со лошиот шут на „петлите“ (39,2-отсто) дава јасна слика за изненадувањето во Келн.
Тиеман со 14 поени и Гифи и Ло со по 13 поени беа најдобри кај Германија, додека Јабусел со 18 поени беше најпрецизен кај Французите.
Со оваа средба се комплетираше првото коло во групата Б, во која победи уште забележаа Босна против Унгарија и Словенија против Литванија.
Претходно Белгија ја совлада Грузија после продолжение со 79-76.
Утре на ЕП се играат првите мечеви во групите во Прага и Милано.
УТРЕ НА ПРОГРАМАТА
Израел – Финска (14 часот)
Украина – В. Британија (14.15 ч.)
Хрватска-Грција (17 ч.)
Полска-Чешка (17.30 ч.)
Италија – Естонија (21 ч.)
Србија – Холандија (21 ч.)