Активностите за подобрување на политиките и намалување на ризиците од корупција и судир на интереси при јавните набавки во државните институции, процесите за дигиталната трансформација на општеството, како и на планот за работа на Кабинетот за следниот период, беа дел од темите на денешниот состанок на вицепремиерката за политики за добро владеење Славица Грковска со претставници од Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата.
На средбата присуствуваа и Герман Филков од Центарот за граѓански комуникации, како и Миша Поповиќ од Институтот за демократија „Социетас цивилис” – Скопје.
Грковска, како што соопшти нејзиниот Кабинет, потенцираше дека соработката со граѓанските организации е клучна зашто нивната експертиза е важна при креирањето на идните политики.
