Леонардо ди Каприо (47) и Камила Мороне (25) ја прекинаа четиригодишната романса, објавија таблоидите, цитирајќи упатени извори блиски со парот.
Инсајдер објасни за магазинот „Пипл“ дека Лео и Камила, кои започнаа врска во јануари 2018 година, повеќе не се заедно.
Британски „Сан“ цитира извор близок со Леонардо дека актерот и манекенката ставиле крај на врската летово и, наводно, разделбата била мирна.
„Лео и Камила се разделија ова лето. Едноставно, одлучија дека тоа е најдобро“, вели изворот.
Нивните претставници одбија да ги коментираат тврдењата.