На самитот кој ќе се одржи тука во Белград, ние како Влади но и ресорните министерства ќе имаат интензивни разговори за изнаоѓање конкретни начини за обезбедување доволно храна и енергенси со кои би ја пребродиле најтешката зима од Втората Светска Војна наваму, вели во интервју за Политика, премиерот Димитар Ковачевски кое што е објавено денеска.
„Ќе се посвети особено внимание на тоа регионот во секое време да има обезбедено храна и енергенси и да се обезбеди непречен проток во снабдувањето со основните прехранбени производи, односно да се реагира брзо и соодветно доколку се појави некое нарушување во синџирите на снабдување.Во досега воспоставените механизми и потпишани меморандуми за соработка преку Отворен Балкан ние практично се обврзавме да си помогнеме во наредниот период кој очекувано ќе биде сериозно тежок. Но тоа секако не е непозната категорија. Ние си помагавме и во услови на ковид пандемијата. Да заклучам, ние интензивно ќе работиме за да нема недостаток на храна и енергенси, но новата геополитичка реалност упатува на внимателност. Ќе имаме зима полна предизвици. Но, како и досега, како добри комшии, ќе си помагаме.„ вели премиерот Ковачевски.