Без вода денеска од 18:30 часот ќе бидат корисниците на дел од улицата „Антон Попов”, од број 2 до број 50, информираат од ЈП „Водовод и Канализација” – Скопје.
Прекинот на водоснабдувањето е поради дефект на затворач од Ф-80 мм на улица „Антон Попов” 20 во населба Пржино и ќе трае до санирање на дефектот.