Иако дојдоа со такси Дончиќ и компанија го добија дербито со Литванија

Словенија ја совлада Литванија со 92-85 во дерби натпреварот од групата Б на Евробаскетот.

Актуелниот европски шампион Словенија водеше во најголем дел од мечот, па и во првото полувреме, кое заврши 51:48, но најмногу до седум кошеви разлика. Словенците ја загубија третата четвртина 18:19, но влегоа во последниот период до минимална предност, која Литванците ја надокнадија и дојдоа во водство од 5 поени. Сепак, Словенците беа поуспешени во финишот и натпреварот рутински го доведоа до крај.

Лука Дончиќ (14 п., 10 ас., 6 ск.), Мајк Тоби (24 п., 8 ск.) и Горан Драгиќ (19 п.) беа тројцата најзаслужни за победата на актуелните европски шампиони. Кај Литванија потфрлија првите ѕвезди на тимот-Сабонис со 10 и Валанчунас со девет коша. најефикасни беа Кузминскас со 19 и Григонис со 18 поени.

Словенците имаа непријатност на неколку часа пред ова големо дерби кое се играше во германскиот град Келн, бидејќи пред хотел не им дојде автобусот, па мораа со такси да заминат кон салата.

Нешто порано попладнево во грузиската престолнина Тбилиси, Турција ја победи Црна Гора со 72-68. После мечот, Црногорците се жалеа дека биле оштетени од судиите. Ларкин со 18 и Осман со 15 поени беа најефикасни во победничкиот тим, а Дубљевиќ со 18 и Симоновиќ со 13 се истакнаа кај Црна Гора.

Треба да знаете
Последни објави