„Приказна за играчките“ е меѓу класиците анимирани филмови, но дури и најголемите фанови понекогаш ги мешаат деталите од продолженијата. Меѓутоа, во овој случај, не станува збор за погрешна меморија, туку за намерна цензура на шега што не била во согласност со движењето за правата на жените. Со објавувањето на спин-оф серијалот „Приказна за играчките“ се појавија шпекулации за снимање петти дел, кој треба да биде последен. Ова многумина ги потсети на ситуацијата со контроверзната сцена од вториот дел, која во екот на движењето #MeToo предизвика негативни реакции.
Во контроверзната сцена што беше отстранета од „Пиксар“ во 2019 година, негативецот Стинки Пит е фатен како разговара со куклите Барби и ги уверува дека дефинитивно ќе има улога за нив во третиот дел.
Во екот на движењето #MeToo, ваквиот разговор меѓу продуцентите и актерките беше причина за побуна, па поради тоа, кога излезе изданието на „Блу- реј“, „Пиксар“, а подоцна и „Дизни плус“ ја отстранија спорната сцена.
Ова не е единствената контроверза на „Дизни“ во врска со правата на жените. Компанијата се соочи со бурни реакции за дел од текстот на песната Arabian Nights од цртаниот филм „Аладин“, кој гласеше: „Ќе ти го отсечат увото ако не им се допаѓа твоето лице“.
„Дизни“ тогаш беше принуден да ги промени зборовите на песната.