Тренчевска ќе информира за напредокот во реализацијата на социјалната реформа

 Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, денеска ќе одржи брифинг за медиумите посветен на напредокот во реализацијата на социјалната реформа и Проектот за подобрување на социјалните услуги (ППСУ) како нејзин инструмент на поддршка.

Посебен акцент на брифингот, како што информираат од МТСП, ќе биде ставен на претстојното преземање на новите социјални услуги кои се спроведуваат на локалното ниво, во системот на централно финансирање. 

Треба да знаете
Последни објави