Премиерот Ковачевски на состанокот подвлече дека соработка на Северна Македонија, Србија и Албанија, во рамките на Отворен Балкан, отвори пат за заедничко справување со предизвиците за обезбедување храна и енергија за граѓаните, во услови на напорите на сите држави од светот, за справување со последиците од војната во Украина и пандемијата.
На состанокот беше дискутирано за важноста трите земји да си помагаат меѓусебно во случај на прекин на снабдувањето со храна, како последица од глобалната криза, кога која било држава од нас, би се соочила, евентуално, со недостиг во снабдувањето на домашниот пазар, со основни земјоделско-прехранбени производи. На состанокот се разговараше за олеснување на процедурите за извоз и увоз, но и за меѓусебно снабдување со суровина за основните прехранбени производи.
Лидерите на од иницијативата „Отворен Балкан”, подвлекоа дека во овие кризни времиња ниту една од државите нема да биде оставена сама, посочувајќи дека она што за една држава значи мала донација, за друга е решавање на голем проблем.
На состанокот работните групи ја истакнаа важноста дека со договорите што ќе се потпишат на Самитот, ќе се обврземе за достапност на храната до граѓаните, најпрво земјите да си помагаат.
Членовите на работната група од нашата земја во доменот на енергетиката, потенцираа дека Владата на Република Северна Македонија, преку Министерството за економија и другите ресорни министерства, работи и на ставање во функција на сите енергетски потенцијали во нашата држава, во заложбите за справување со енергетските состојби.