Премиерлигашот Ливерпул го договори на едногодишна позајмица во своите редови бразилскиот игра за врска Артур Мело од Јувентус, објави англискиот клуб еден час пред истекот на летниот преоден рок.
Јувентус, од своја страна,соопшти дека Ливерпул има опција да го откупи договорот со Артур за 37.5 милиони евра.
– Многу разговаравме и нашите идеи и визии добро се вклопија, па затоа сум сигурен дека тоа е вистинскиот избор, изјави 26-годишниот Артур, кој одигра 63 натпревари за Јувентус откако дојде во клубот од Торино од Барселона во 2020 година.
Барселона тогаш го продаде бразилскиот фудбалер на Јувентус за 72 милиони евра.