Грковска: Градиме партнерски однос со граѓанските организации при креирање на антикорупциските политики

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска денеска имаше работна средба со Марија Ристеска и Александар Цеков од Центарот за истражување и креирање политики, на која разговараа за продлабочување на меѓусебната соработка, особено во делот на креирање политики на добро управување и безбедност.

Вицепремиерката Грковска информираше дека Кабинетот одржува редовни координативни средби на месечно ниво со граѓански организации и има тесна соработка со невладиниот сектор, зашто партнерскиот однос со нив е клучен при креирањето на идните политики.

На средбата претставниците на граѓанската организација ја запознаа вицепремиерката Грковска со  регионалниот проект „СМАРТ Балкан – Граѓанско општество за поврзан Западен Балкан”, кој во Република Северна Македонија и во Србија се имплементира од страна на Центарот за истражување и креирање политики. Со проектот се обезбедуваат грантови за шест држави од регионот, а целта е да се зајакне партиципативната демократија преку градење на капацитетите на граѓанските организации за поефикасно вклучување во процесот на креирање политики.

На состанокот беше разговарано и за севкупните активности на Кабинетот поврзани со антикорупциските политики и дигитализацијата на процесите во државни институции при што двете страни изразија подготвеност соработката да продолжи во сите приоритетни области.
Треба да знаете
Последни објави