По иницијатива на Локален економско-социјален совет при Општина Куманово, а во врска со доставени барања од производители на месната индустрија во Куманово до Владата, денеска градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски се сретна со вицепремиерот задолжен за економски прашања и инвестиции Фатмир Битиќи и претставниците на месна индустрија во Куманово: “Екстра Меин”, “Гроздановски”, “БДА”, “Никси”, “Корнер” и “Гоки”.
Димитриевски информираше дека на средбата било дискутирано за проблемот со немање на суровина за производство, која доаѓа од другите земји и за која се укинати квотите за увоз на свинско месо. Тој исто така посочи дека околу една третина од месната индустрија во државата е во Куманово.
„На конструктивната средба, на вицепремиерот Битиќи му беа презентирани проблемите, со кои се соочуваат кумановските производители на месо, на која беше дадено ветување дека ќе се направат напори со вистински заложби за решавање на постоечките препреки, со цел да може непречено да продолжи производствениот процес на месната индустрија“, рече Димитриевски.