Делегација на АЛДЕ предводена од лидерот и европратеник Илхан Ќучук, заедно со претставници на македонската Либерално демократска партија остварија средби со Александар Корниенко, прв заменик претседател на Врховната Рада на Украина.
Либералите се сретна со заменикот министер за одбрана Олександар Полишчук и заменик министер за надворешни работи Јевхен Перебинис, со кои разговараа за развојот на војната и меѓународната соработка за поддршка на Украина, особено на вознемирувачката ситуација во нуклеарната централа Запорожје.
– Како пратеник и потпретседател на Либерална Демократската партија бевме први кои што во собранието јавно се боревме да се осуди воената агресија која што Русија ја врши врз Украина. Од таа агресија не е погодена само Украина но цела Европа вклучувајќи и нашата земја кога ќе ви стигнат поголеми сметки за електрична енергија или се прашувате зашто е поскапена цената на лебот, маслото и основните продукти, односно зошто е толку голем процентот на инфлација и зашто не очекува силна енергетска криза тогаш одговорот може да го најдете гледајќи ги овие снимки позади мене и затоа сите јавно треба да осудиме агресијата. НЕ за ваквите слики кои што ги гледаме околу и НЕ за војна, рече Моника Зајкова, потпретседателка на ЛДП и пратеничка.
Во Украина беа одржани и состаноци со Народниот правобранител и Центарот за волонтерска прва помош, кои во раните денови од војната одиграа важна улога во помагање и обука.
Доста неверојатно 2022 година да се гледаат вакви слики на разрушувања, на уништување на места околу Киевскиот регион, Украина и ова не е резултат на временска непогода, туку е резултат на нешто што нема логика, нема оправдување. Во град кој што стотина илјади луѓе живееле продуктивно, ова се некои нови згради разрушени целосно гранатирани со ракети, со бомби со гранати повеќе од триста луѓе се загинати. Добро е што Европа се организира, добро е што сите сме заедно обединети на Европскиот континент да се спречи ова затоа што војната не е завршена, војната не е запрена таа продолжува.
– Украинците навистина страдаат со своите животи не бранат сите нас и мора да бидеме гласни, мораме да бидеме обединети затоа што ова лудило мора да запре, таа агресивна политика на Кремељ мора да има крај и затоа сме тука не само да ги подржиме Украинците туку да ги подржиме сите оние кои што се борат за тие вредности кои што сите ние ги споделуваме, сакаме да живееме во слобода, самите да определуваме за своите животи никој да не ни ги збришува нашите нации тие постојат ќе постојат и затоа сме сите обединети заедно на континентот.” додаде Емил Кирјас потпретседател на Либерална Интернационала.
Во текот на денот беа остварени и средби со либералните партнери од партијата на претседателот Володимир Зеленски, АЛДЕ Партија – Либерали и демократи за Европа, партијата Глас и Слуга на Народот.