Репрезентативецот на Габон, Пјер – Емерик Обамејанг се врати во Премиер лигата откако на последниот ден од летниот преоден рок мина од редовите на Барселона во Челзи.
Трансферот значи враќање на Обамејанг во Лондон каде габонскиот репрезентативен напаѓач од 2018 година до ланскиот зимски преоден рок го носеше дресот на Арсенал.
На почетокот на оваа година Обамејанг замина во Барселона каде кратко се задржа, а сега се очекува да биде големо засилување за Челзи.
Обамејанг со лондонскиот клуб потпиша двегодишен договор вреден 12.5 милиони евра.