Денеска во Белград ќе се одржи Самитот „Отворен Балкан”, каде што поздравни обраќања ќе имаат премиерот на Северна Македонија Димитар Ковачевски, претседателот на Србија Александар Вучиќ и премиерот на Албанија Еди Рама.
На Самитот дел од ресорните министерства на трите држави ќе потпишат договори меморандуми за соработка и тоа: Договори за соработка во областа на механизмите за обезбедување на храна во Западен Балкан помеѓу министрите за земјоделство на трите држави; Меморандум за разбирање и соработка во областа на кинематографијата и аудиовизуелните дејности помеѓу министрите за култура; и Оперативен план во областа на цивилната заштита помеѓу директорите на трите држави.
Исто така во рамки на Самитот премиерот на Северна Македонија Димитар Ковачевски, претседателот на Србија Александар Вучиќ и премиерот на Албанија Еди Рама ќе одржат прес-конференција за медиуми.
По завршувањето на Самитот, ќе се одржи македонска вечер како дел од промотивните активности на македонските производи, вината, храната и националните богатства интересни за туристите, чиј што домаќин е премиерот Ковачевски, а ќе присуствуваат претставници на бизнис заедниците и владите од Србија, Албанија и Северна Македонија присутни на Саемот во Белград.