УЕФА објави дека увидела прекршување на финансискиот фер плеј од многу впечатливи европски клубови, или вкупно по број осум, а со сите нив е постигнат договор за прифаќање на штетата и исплаќање на дел од казните.
Во објавата на УЕФА се вели дека уште неколку европски клубови се под „лупа“ и допрва ќе се стапи во контакт со нив, но засега е постигнат договор со осумте клуба, од кои најголема казна ќе плати ПСЖ.
Покрај францускиот шампион, во забелешката на УЕФА влегле и Милан, Монако, Рома, Бешикташ, Интер, Јувентус и Марсеј, но од споменатите 172 милиони евра со кои се направило штета, ќе бидат исплатени само 15 проценти.
ПСЖ направил најголем прекршок со заокружување на ФФП правилото и првично требало да исплати 65 милиони евра, но поради заедничкиот попуст на УЕФА, сега ќе помине со само 10 милиони евра.