СДСМ во услови на глобална криза и недостаток на енергенси, презема мерки за максимално зголемување на домашното производство на електрична енергија и заштита на граѓаните во време на криза преку субвенционирање на 80 отсто од цената на струјата за граѓаните.
За разлика од СДСМ, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ седат на страна, кочат, блокираат, одмагаат наместо да им помогнат на граѓаните, на државата.
Тоа е истиот тој Мицкоски, кој останува запаметен како најнеуспешен директор на ЕЛЕМ и советник за енергетика во владата на Груевски.
Во времето на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски без енергетска криза и со многу ниски цени на светските брзи, цената на струјата беше зголемена за 100%, а се набавуваше електрична енергија по цена 3-4 пати повисока од пазарната.