Почина Рамадан Назифи, актуелен амбасадор на Северна Македонија во Берлин од 2019 година.
Тој претходно беше амбасадор во Швајцарија од 2009 до 2013 година и долги години во Министерството за надворешни работеше како кариерен дипломат.
Веста ја објави министерот за надворешни работи Бујар Османи.
„Со длабока тага ја примив веста за смртта на амбасадорот Рамадан Назифи, актуелен Амбасадор на Северна Македонија во Берлин од 2019 година, амбасадор во Швајцарија од 2009 до 2013 година и долги години во Министерството за надворешни работи како кариерен дипломат. Рамадан, со кого изградив лично пријателство, беше извонреден човек и дипломат и ќе остане запаметен од колегите во Министерството“, пишува Османи.