Турците тврдат дека тројца Грузијци го тепале Коркмаз, се закануваат дека ќе го напуштат ЕП

Турција го обжали натпреварот против Грузија, ги обвинуваат судиите дека во последната четвртина им украле 22 секунди. Дуелот Грузија – Турција во Тбилиси на Европското првенство го обележаа конфликтот помеѓу Коркамаз и Санадзе, исклучувањето на турскиот селектор Ергин Атаман, во финишот на второто продолжение и обвинувањата дека тројца играчи на Грузија го нападнале Коркмаз пред соблекувалната.

Турците тврдат дека 22 секунди волшебно исчезнале во моментот кога се случи мешаницата на теренот кога Коркмаз и Санадзе тргнаа физички да се пресметаат.

На прес-конференцијата помошникот на селектор на Турција, Хакан Демир, изјави дека тројца грузиски играчи го нападнале Коркамаз. Турскиот новинар Исмаил Шенол ги објави имињата на играчите што го нападнале Коркмаз пред соблекувалната.

Наводно тоа биле исклучениот Санадзе, Торнике Шенгелија (кој го пропушта Евробаскетот поради повреда на рамото) и Гога Битадзе, кој беше во составот, но не играше. Тврди дека информацијата ја добил од турскиот тим.

„Кога Коркмаз беше исклучен, тој замина во соблекувалната со кондициониот тренер Ерен Хангун. Во тој момент Битадзе, Шенгелија и Синадзе ги нападнаа Фуркан и Ерен заедно со едно лице од обезбедувањето. Тепачката ескалира кога Ерен се обиде да го одбрани Фуркан од нива. Ова се информациите од нашиот тим“, изјави Шенол.

Турција се закани дека ќе се повлече од Европското првенство доколку не ѝ биде доставена видеоснимка од безбедносните камери, а ФИБА сè уште не се огласила за ова прашање.

Треба да знаете
Последни објави