Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар ги засили своите редови во обидот по двегодишна пауза да се врати во прволигашкото друштво со 27-годишниот напаѓач Кире Маркоски.
Вардар соопшти дека со повремениот македонски репрезентативец е потпишан едногодишен договор.
Маркоски има пет настапи за македонската сениорска репрезентација за која дебитираше во 2014 година, а претходно ги мина сите помлади категории во националниот дрес.
Во македонското првенство Маркоски настапуваше за Работнички и Академија Пандев, а неговата интернационална кариера вклучува настапи за кипарски АЕЛ Лимасол и словачки Спартак Трнава.