Литванија по трите порази на Евробаскетот, доминираа против Унгарија за 87:64 победа, со која остануваат во игра за пласман во нокаут фазата, но во последното коло ќе треба да ја совладаат одличната репрезентација на Босна и Херцеговина.
Јонас Валанчиунас со 21 поени и 8 скока беше лидер н Литванците, додека Домантас Сабонис додаде 19 поени, 8 скока и 4 асистенции, додека за Унгарија, Золтан Перл имаше 16 поени.
До убедлива победа стигнаа и кошаркарите на Грција, декласирајќи ја Украина со 99:79 продолжувајќи ја победничката серија под водство на Јанис Адетокумбо.
„Грчкиот ѕвер“ постигна 41 поени и 9 скока, Ник Калатес додаде 13 поени, додека за Украина, Свјатослаав Михалјук имаше 16 поени и 4 скока.