Српскиот фудбалски стратег Синиша Михајловиќ денеска е сменет од должноста тренер на италијанскиот прволигаш Болоња поради слаби резултати.
Михајловиќ е првиот тренер кој е сменет во италијанската Серија А оваа сезона, откако Болоња во првите пет натпревари освои само три бодови.
Како кандидати за негов наследник на клупата на Болоња се Роберто Де Зерби, Клаудио Раниери и Тијаго Мота.
Михајловиќ ja почна својата самостојна тренерска кариера во Болоња во 2008 година, а во својот втор мандат во Болоња, и покрај лекувањето од леукемија, мина три сезони.