Загрепчани го раскинаа договорот со Црногорецот поради тоа што не успеал да ги исполни професионалните обврски односно физички да се подготови за сезоната.
„Загреб го раскинува договорот со ракометарот Вуко Борозан. До раскинот на договорот дојде, бидејќи играчот не беше во можност да ги исполни своите обврски од договорот, односно бидејќи беше во можност адекватно да се подготви за новата сезона за време на подготовките. Раскинот стапи на сила од денеска, вторник 6 септември, На Вуко Борозан му посакуваме сè најдобро во понатамошниот дел од кариерата“, се вели во соопштението на хрватскиот шампион.
Црногорецот откако го напушти Вардар кратко пред освојувањето на втората титула во Лигата на шампиони, неговата кариера е во надолна линија. Не се прослави ниту во Веспрем, каде исто така му беше раскинат договорот предвреме за потоа да се пресели во Ал Араби во Катар. Загреб беше негова нова шанса за враќање на европската сцена, но очигледно и оваа епизода завршува неславно.