Меѓународната компанија за развој на софтвер Сеавус, која е дел од групацијата Арикома, ја најавува Телеком талент програмата која се одржува повеќе од 10 години. Обуката за програмата ќе започне во октомври и ќе трае четири недели. Предавањата ќе се одвиваат онлајн. Целиот процес се одвива преку интерактивни предавања и практични вежби кои ги водат експерти на Сеавус, со долгогодишно работно искуство стекнато преку работа на проекти за реномирани телеком компании. Кандидатите ќе имаат одлична можност да се стекнат со техничко познавање за употреба, конфигурација и развој на нови функционалности и тестирање на платформата за наплата.
Телеком талент програмата е наменета за дипломирани студенти или студенти запишани во последната година од студиите за информатички и компјутерски науки, како и за сите оние кои имаат технички познавања од оваа индустрија и сакаат да се дообучат и стекнат поголемо искуство и знаење.
Преку оваа обука кандидатите добиваат единствена можност да стекнат стручни вештини за водечките платформи за наплата за некои од најдобрите телеком-оператори во Европа.
Телеком талент програмата на Сеавус е од единствен ваков вид на едукација на Балканот и пошироко. До сега ја имаат завршено повеќе од 300 кандидати, од кои 65% се вработени во Сеавус.
Сите кои се заинтересирани да стекнат стручно знаење во областа на телекомуникациските технологии, може да аплицираат најдоцна до 30ти септември.
Линк за аплицирање https://career.seavus.com/job-opportunities/token/jobdetail/jobid/679