Неверојатниот Лука Дончиќ ја предводеше Словенија до триумф (88:82) против Франција во дуелот за првото место во групата Б од Евробаскет. Постигна 47 поени, една „луда тројка“, делеше асистенции, нижеше скокови. На крајот, можеби Чанчар ги постигна решавачките поени за да го скрши отпорот на Французите во финишот од мечот.
Франција почна подобро, но се загреа Дончиќ, па Словенците го комплетираа првиот период со еден поен позитива. На полувреме зголемија на четири поени предност (44:40).
Франција возврати во третата четвртина и во последните десет минути се влезе во егал. Сепак, Дончиќ и друштвото беа поснаодливи и на крајот остварија важна победа.
Лука Дончиќ имаше 47 поени, седум скока и пет асистенции, а играше безмалку 39 минути. Кај Французите, Руди Гобер имаше ефект од 19 поени и осум скока